Кошаркарите на Будуќност на свој паркет славеа против Гран Канарија со 75-70 во 20. коло од Евролигата.
Црногорскиот тим на вистински начин се буди во Евролигата, па по победата над Реал Мадрид во претходниот дуел на домашен терен сега е поуспешна и од Гран Канарија. Будуќност одлично го почна мечот, потоа малку затаи, но со супер завршница сосема заслужено стигна до триумфот.
Домашните до победата ги предводеше двократниот НБА шампион, Норис Кол кој имаше 20 поени и по пет скока и асистенции. Го следеа Гога Битадзе со 16 поени и седум скока, како и Џексон и Кларк со по 10 поени.
Најдобар кај гостите беше Симс-Сандер Вејн со 16 поени, додека по 12 имаа Рабаседа и Пасечникс.
За Будуќност ова е трета победа во Евролигата, по оние над Дарушафака и Реал Мадрид.
Претходно, Баерн Минхен славеше на гостувањето против Химки со 60-71, додека Дарушафака на домашен терен ја победи Басконија со 80-75.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА