Буенос Аирес „гореше“ – Ривер ја славеше титулата (фотогалерија)

Реваншот од финалето во Копа Либертадорес не можеше да се игра на „Монументал“, туку беше преселен во Мадрид, но затоа прославата на шампионската титула во Копа Либертадорес беше одржана на легендарниот стадион на Ривер Плата.

Фудбалерите се вратија назад во Буенос Аирес по настапот на клупскиот мундијал, а навивачите го исполнија овој фудбалски храм до последно место, за спектакуларна прослава на трофејот, уште посладок поради фактот дека во финалето беше совладан вечниот ривал Бока јуниорс. Небото над „Монументал“ гореше од огнометот, додека тренерот Галјардо и неговите избраници уживаа во спектаклот приреден од илјадниците фанови.

 

 

Се вчитува...