Буфон до Касилјас: Без тебе, се ќе имаше помалку смисла

Икес Касилјас и Џанлуиџи Буфон со години наназад беа ривали во големите пресметки на клупски и репрезентативен план, но истовремено создадоа и силно пријателство што трае до ден денеска. Затоа, не изненади што по денешната објава за крајот на кариерата на Касилјас, една од најемотивните пораки пристигна токму од Буфон.

„Велат дека конкуренцијата прави да бидеме подобри од другите, но никогаш не сме перфектни пред нас самите. Можеби таа вечна потрага по перфекцијата не направи она што сме денеска. Благодарам Икер, без тебе се ќе имаше помалку смисла“, порача Буфон објавувајќи заедничка фотографија со шпанскиот ас.

Се вчитува...