Џанлуиџи Буфон и на 43-годишна возраст потврдува дека е голман од највисока класа. Ветеранот реши да се врати во Парма пред да му каже збогум на фудбалот, а со својата извонредна интервенција на пријателскиот меч со Сасуоло само потврди дека годините се само бројка кога е тој во прашање.
Многумина веќе ја видоа топката во мрежата, но кога Буфон е на голот секогаш може да се очекуваат вакви фантастични одбрани…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА