Буфон е феномен: Можам да бранам уште четири-пет години

Џанлуиџи Буфон е вистински феномен, на 43-годишна возраст одби да стане директор во Јувентус, наместо тоа прифаќајќи ја понудата на Парма да ја чува мрежата на овој клуб.

Згора на тоа, Буфон не размислува за пензионирање, туку е решен да продолжи да брани и по новата сезона.

„Верувам во себе, се чувствувам одлично подготвен на физички план. Убеден сум дека можам добро да бранам уште четири пет-години“, изјави Буфон за „Скај Спортс“.

Легендарниот голман ја почна професионалната кариера во дресот на Парма во 1995 година, за потоа од 2001 до 2018 година да биде задолжен за чување на мрежата на Јувентус. Тој накратко се пресели во ПСЖ, една година подоцна се врати во Јуве, каде остана до летово, когаа реши да се врати „дома“ и да потпише договор со Парма.

Се вчитува...