Буфон го избра бројот од Парма, ја одбил „единицата“ на Шчешни

Џанлуиџи Буфон по една година во ПСЖ реши да се врати назад во Јувентус, но ветеранот е свесен дека повеќе нема да ја има улогата на прв голман на „старата дама“. А дека односот меѓу него и Шчешни се уште е беспрекорен доволен доказ е фактот дека Полјакот му понудил повторно да го облече дресот со број еден, што било одбиено од страна на Буфон.

Кога стана јасно дека ќе се вратам ми се јавија поранешните соиграчи. Кјелини ми ја нудеше назад капитенската лента, а Шчешни дресот со број еден. И двајцата го добија истиот одговор – јас не доаѓам овде за да земам нешто од некого, туку да му дадам нешто на Јувентус. Оставив зад себе силен клуб кога си заминав, сега го наоѓам уште посилен, мило ми е што ќе играм заедно со Кристијано Роналдо“ – истакна Буфон.

Искусниот голман обелодени и кој број на дресот ќе го носи по својот камбек во најтрофејниот италијански клуб.

„Мој број ќе биде 77, оној со кој почнав кога бранев за Парма, пред да дојдам во Јувентус. Ја почитувам хиерархијата, знам дека Шчешни е прв голман, а јас ќе бидам подготвен за да го дадам максимумот секогаш кога тренерот ќе ми даде шанса“ – порача 42-годишниот Џанлуиџи Буфон.

Се вчитува...