Буфон го напушта ПСЖ, но не оди во пензија

Џанлуиџи Буфон одбрани пенал при синоќешниот триумф на ПСЖ на гостувањето против Анжер, но тоа нема да биде доволно за да се убеди управата на „светците“ да му понуди нов договор на италијанскиот ветеран. Офанзивата по Де Хеа е јасен предзнак дека во ПСЖ немаат намера да ја продолжат соработката со Буфон, кој во јануари наполни 41 година.

Иако се наоѓа на залезот на кариерата, Италијанецот не размислува да му каже збогум на фудбалот. „Газета дело спорт“ објави дека тој веќе ја одбил понудата за директорска функција во Јувентус, јасно ставајќи до знаење дека планира да игра уште најмалку една година.

Буфон би сакал да се пресели во клуб кој ќе настапува во Лигата на шампионите, наводно веќе има интересни понуди од вакви екипи, па интересно ќе биде да се види каде 41-годишниот ветеран ќе ја продолжи кариерата.

Се вчитува...