Буфон и Ањели се договорија, легендата уште една година на голот на Јуве

Легендарниот Џанлуиџи Буфон ќе брани уште една сезона. По долго размислување тој одлучи да ја продолжи кариерата, а релативно лесно се договори со првиот човек на Јувентус, Андреа Ањели, за продолжување на соработката. Сите детали се договорени, нагласува „Тутоспорт“, а договорот официјално ќе биде потпишан кога тимот повторно ќе се собере на тренинзи во клупската база.

Поради пандемијата на коронавирусот, фудбалерите на Јувентус се во домашна изолација и чекаат да биде одреден датумот за повторно враќање на тренинзите. 42-годишниот Буфон по кусата екскурзија во ПСЖ, лани се врати во редовите на „старата дама“ и бранеше на седум натпревари. Во договорот имаше клаузула и за автоматско продолжување на соработката доколку биде на голот на Јувентус на десет натпревари. Сепак, тој речиси две децении е дел од клубот од Торино и по завршувањето на кариерата има понуда да придати една од директорските функции.

 

Се вчитува...