Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон вели дека еден светски фудбалер неправедно е „украден“ со признанија за сите свои извонредни години оставени во фудбалот.
Буфон вели дека Бразилецот Нејмар е некој кој заслужил да освои признанија за најдобар светски фудбалер, а воопшто не е награден од светскиот фудбал.
„Играв со три различни генерации фудбалери и можам да дадам добра проценка. Нејмар беше навистина одличен фудбалер кој заслужи да освои барем пет ‘Златни топки’“ – вели Буфон за Нејмар, кој во моментов игра во редовите на Ал Хилал во Саудиска Арабија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА