Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон, откри дека на Јувентус им препорачал да го ангажираат францускиот голман Мајк Мањан, кој подоцна отиде во Милан. Мањан беше еден од заслужните за титулата во Серија „А“ минатата сезона.
Буфон откри откако се врати во Јувентус, на челните луѓе им дал препорака да го ангажираат тогашниот чувар на мрежата на Лил, но од Јуве не го послушале.
„Кога се вратив во Јувентус од ПСЖ, во разговор со раководството ме прашаа за голман и им препорачав да го ангажираат Мањан, тогаш млад голман. Знаев дека ќе биде добар голман. Кога Милан го ангажираше, му се јавив на Малдини и му порачав дека завршиле добра работа“, рече Буфон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА