Буфон ќе брани се додека Парма не се врати во Серија „А“

Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон, откри дека нема намера да замине во пензија, се додека неговата Парма не се врати во италијанската „елита“. Буфон ја започна кариерата токму во Парма, а потоа долги години беше дел од Јувентус, па во ПСЖ.

45-годишниот Буфон кариерата ја почна во Парма, а сезонава во 10 меча за својот тим прими 16 голови. Парма во моментов е далеку од пласман во Серија „А“ со 40 бодови од 29 меча.

„И натаму сум енергичен како порано, исто така благодарение на враќањето на голот. Ова дава мотив. Можеби мотивот ќе исчезне кога Парма ќе се врати во Серија „А“. Ова ќе биде исполнување на сите мои цели и потоа може да заминам во пензија“, рече Буфон.

Се вчитува...