Буфон: Му посакувам многу среќа на Тудор, ќе му биде потребна

Хрватскиот стратег Игор Тудор го наследи „жешкото столче“ на клупата на Јувентус од Тијаго Мота за време на репрезентативната пауза. До крајот на сезоната го очекува тешка битка да го доведе својот клуб на место на табелата кое гарантира настап во Лигата на Шампионите следната сезона, а доколку успее во тоа ќе добие и продолжување на соработката.

Џиџи Буфон, легендата на клубот кој помина 19 години во Торино го коментираше неговиот ангажман велејќи дека му посакува многу среќа која ќе му биде потребна за успех.

„Игор отсекогаш беше истакнат член на тимовите поради физичката големина и бидејќи секогаш пренесуваше важни идеи. Ќе донесе позитивна енергија во Јувентус. Му посакувам многу среќа. Ќе му биде потребна за да донесе добри резултати. Верувам дека овој тим на Јувентус има техника и морални квалитети само се уште не ги покажа. Се надевам дека Тудор ќе ги донесе во позиција да го исполнат својот потенцијал“, изјави легендата на Јувентус.

Се вчитува...