И покрај тоа што во ист тим настапуваа Меси, Килијан Мбапе и Нејмар, а пред тоа во Париз поминаа и ред други врвни ѕвезди за кои беше потрошена огромна сума на пари, ПСЖ не успеа да ја исполни најголемата цел – да ја освои Лигата на Шампионите.
Многумина се прашуваа кој е проблемот, а одговор на ова прашање сега даде Џанлуиџи Буфон. Легендарниот италијански голман настапуваше за тимот во сезоната 2017/18 кога парижани натпреварувањето го завршија во осминафиналето.
„Дојдов таму од Јувентус во кој имавме големи играчи, но кога видов со кој ќе играм во ПСЖ си помислив „Мама миа“. Си помислив „да ги земам сите овие играчи и да ги одведам во Торино сигурно ќе ја освоивме Лигата на Шампиони четири пати по ред“, но и како сите други работи во животот постојат многу околности и мани“, започна Буфон кој потоа откри и повеќе детали.
„Ги имавме Мбапе, Нејмар, Верати, Тијаго Силва и тоа беше неверојатно. Се прашав себе си како е можно веќе да не ја освоиле Лигата на Шампиони. Навистина делуваше невозможно. Тогаш сфатив дека постои одредена динамика со толку големи имиња. Може да стане многу компликувано во соблекувалната па дури и кога атмосферата е добра каква што беше таа сезона. За само година дена таму сфатив зошто тоа е така“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА