Џанлуџи Буфон за неколку дена ќе го прослави 44. роденден, но без разлика на годините кај него постои голема желба за надигрување и нема намера да замине во фудбалска пензија. Во оваа сезона тој го чува голот на Парма, клубот во кој израсна и се промовираше на големата сцена, клуб во кој се врати по пауза од две децении.
Меѓутоа како што стојат работите Џиџи нема да остане на „Енио Тардини“ и неговата желба е одново да игра надвор од Италија како последно искуство во ова долго фудбалско патување.
Парма е далеку од враќање во Серија А, па овие е и една од причините за ваквиот потег на Буфон за кого се очекува потврда во наредниот период. Останува да се види што ќе се случи на оваа тема и каде славниот голман ќе заигра по Италија и Франција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА