Буфон: Одбив понуда да бранам во ЛШ за да се вратам во Парма

Џанлуиџи Буфон денеска и официјално беше претставен како најново засилување на Парм, откако 32-годишниот голман го избра токму својот поранешен клуб како идеална дестинаација за завршување на кариерата.

Буфон имаше бројни понуди по одлуката за заминување од Јувентус, а ветеранот денеска обелодени дека имал можност да брани за тимови во ЛШ, и тоа со амбиции за освојување на европската круна, но на крајот сепак избрал враќање во Парма, клубот што пред 20 години го напушти за како најскап светски голман во историјата да се пресели во Јуве.

„Имам премногу спомени, но пред се мотивација и надеж дека заедно ќе испишеме нови страници во историјата на овој клуб. Тоа е главната причина поради која се вратив, знам дека Парма е клуб што може да ми даде толку емоции, нешто што не може да ми го понуди ниту една друга екипа. Затоа, имав две понуди за повторно да атакувам на трофејот во ЛШ, но ги одбив, бидејќи многу ја сакам Парма и знам дека Парма ме сака мене. Знам, сега тимот е во втората лига, но да не заборавиме дека Парма  е четвртиот најуспешен клуб во Европа кога станува збор за европските трофеи. Ова е тим што се мачи во сегашноста, но што има блескаво минато и верувам дека пред Парма е и прекрасна иднина“, изјави Буфон.

Се вчитува...