Капитенот на Италија, Џанлуиџи Буфон вели дека неговата селекција е падната во некоја пред се психолошка криза, а која мора да се надмине.
„Одигравме лош натпревар против Македонија, но можеби позагрижувачкиот момент е што падневме веќе неколку натпревари од психолошки аспект. Поразот од Шпанија ја уништи нашата самодоверба и потоа не можеме да играме на потребно ниво против ниту еден противник“ – вели легендата на италијанскиот и европскиот фудбал, Џиџи Буфон…
„Некои од нас, вклучувајќи ме и мене, треба да преземат поголема одговорност на себе и да им помогнат на помладите околу мотивот, желбата, идеите да се игра за репрезентацијата… Потребно ни е психолошко рестартирање. Мора повторно да уживаме во фудбалот, а не да го доживуваме како некоја обврска. Тоа е единствениот начин како да ги надминиме проблемите. Не ни е потребна тензија и притисок од јавноста. Тоа ништо добро нема да донесе. Мора да се смири, да се фокусираме на баражот и да се пласираме на СП“ – истакнува Буфон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА