Буфон со интересен предлог: Зошто да не го смениме правилото што е на сила 138 години….

Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон, има предлог да бидат зголемени димензиите на голот. Тој овој предлог го темели на фактот дека модерните голмани станаа повисоки, спречувајќи атрактивни погодоци од далечина, нешто што порано многу почесто беше случај во светскиот фудбал.

Сегашните димензии на голот во фудбалот се висина 2,44 м, а ширината е 7,32 м, што се нема променето цели 138 години, откако беше донесена одлуката во далечната 1875 година.

„Ефектот на висината на голманот можете да го видите ефектот при ударите од далечина. Пред 30 години, на секои педесет удари имаше по десет гола. Денес три од 50 се многу. На голман од два метри е многу потешко да му се даде гол од далечина. Тоа е реалноста, фудбалерите сега се повисоки отколку кога почнував јас. Пред 20 години јас бев меѓу петмината највисоки во лигата, лани на средбите на Парма бев меѓу петмината највисоки на секој натпревар. Гледаме како фудбалот се развива, како се прават промени, не гледам зошто не би смениле правило што е старо 138 години“, изјави Буфон за „Тутоспорт“.

Се вчитува...