Легендарниот италијански голман, Џанлуиџи Буфон, ја изненади јавноста со своето последно интервју во кое признава дека употребувал наркотици.
Буфон (40) кој им е пример и миленик на милиони фудбалски фанови, во интервјуто откри дека „пробал“ стимулативни средства во раната фаза од својата богата кариера.
„Да, пробав кога бев помлад. Иако сум воспитуван и знам дека тоа е нешто што не треба да го правам“ – изјави Буфон.
Голамнот на ПСЖ неодамна откри и дека на почетокот од својата кариера во Јувентус, страдал од депресија, дури еднаш и пропуштил натпревар заради паничен напад.
„Одеднаш се изгуби смисла. Ми се чинеше дека на никого не му е гајле за мене како личност, туку само за фудбалерот што бев. Сите прашуваа за Буфон, никој за Џиџи“ – се присетува легендарниот голман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА