Тотенхем и Јувентус утре ќе одлучуваат за патникот во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Резултатот од Торино е 2-2, откако „старата дама“ испушти сигурна предност пред своја публика и сега ќе бара искупување на „Вембли“.
Клучен фактор за Јуве може да биде незаменливиот Џиџи Буфон. Ветеранот покрај тоа што ќе има задача да го сочува голот на својот тим, ќе брка и нов јубилеј со кој би го изгравирал уште поподлабоко своето име во фудбалската историја. Имено, 40-годишниот италијански голман ќе има тешка задача да ги спречи Хари Кејн и компанија, но ако успее да ја сочува својата мрежа, Буфон по 50. пат ќе заврши натпревар во ЛШ на кој не примил гол.
Така би станал само третиот голман кој има 50 или повеќе сочувани мрежи во најелитното клупско натпреварување. Пред него се уште екс-голманот на Ајакс и на Манчестер јунајтед, Едвин ван дер Сар, додека лидер во оваа статистика е Икер Касилјас со 57 „празни мрежи“ вклучувајќи и два квалификациски мечеви.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА