Јувентус рутински го доби и вториот меч со Порто, стигнувајќи до четвртфиналето од Лигата на шампионите. Таму италијанскиот првак може да се сретне со гиганти како Реал Мадрид, Барселона или Баерн Минхен, па токму затоа за одбележување е желбата на Џанлуиџи Буфон пред ждребот – за ривал во четвртфиналето да го избегне единствено тимот на Лестер.
„Повторно сме дека од најдобрите осум клубови во Европа, секако дека сме задоволни. Од година во година напредуваме, одиме напред и искрено верувам дека годинава можеме да стигнеме до трофејот, нешто што си го зацртавме како желба уште пред пет години. Пред нас е ждребот, а од сите екипи не би сакал да се сретнеме со Лестер, бидејќи станува збор за екипа со неверојатен ентузијазам која може секому да му создаде огромни проблеми“ – истакна Буфон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА