Џанлуиџи Буфон ја разбранува италијанската јавност со интервју за весникот „Република“ во кое говореше на најразлични теми поврзани со фудбалот на Апенинскиот полуостров.
Неколку дена пред големото финале на Лигата на Шампионите во кое Интер ќе ја брани честа на италијанскиот фудбал против ПСЖ, Буфон имаше што да каже за Италијанците кои се фанови на други клубови, па в сабота ќе навиваат против „нероаѕурите“.
„Не можам да поднесам Италијанци да навиваат против италијански клубови во европските купови. Тоа е нешто што е одлика само на „малите луѓе“. Многу ми пречеше и кога играв, јас секогаш сакав италијанските тимови да стигнат што подалеку во европските купови. Сега кога работам во репрезентацијата и федерацијата, уште посреќен сум по секоја победа, без разлика за кој клуб станува збор“, изјави Буфон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

