Јувентус одигра разочарувачки 2-2 на домашен терен против Сасуоло, резултат со кој „старата дама“ му овозможува на Интер со триумф на попладневниот меч со СПАЛ да се искачи на првото место на табелата. Сари повторно експериментираше со составот и овојпат скапо плати за тоа, „црно-белите“ одиграа под своите можности, но за разлика од претходните натпревари овојпат не успеаја да стигнат до посакуваните бодови.
Емре Џан промаши зицер од пет метри при 0-0, по што Бонучи со удар од далечина успеа да го доведе Јуве во водство во 20. минута. Радоста траеше само три минути, бидејќи Бога одлично се снајде и го матираше Буфон, носејќи израмнување.
Сасуоло дури и поведе на самиот почеток од второто полувреме, откако по слабата интервенција на Де Лихт топката дојде до Капуто, тој шутираше по земја, но Буфон наместо лесно да ја прибере реагираше катастрофално и дозволи таа да заврши во мрежата.
Дури тогаш Сари го уфрли во игра Дибала, Јуве доби на ритам, па стигна и до израмнување со пеналот на Роналдо. И покрај обидите да се стигне до трет гол, домаќините не успеаја во својата намера откако младиот голман Турати одбрани неколку опасни удари во последните дваесетина минути.
Lobbing goal from boga sorry Buffon #JuveSassuolo pic.twitter.com/tgrvT2joVW
— kadrex (@abdool_kadeer) December 1, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

