Џанлуиџи Буфон не ја крие огромната желба за трофејот од најелитното европско клубско натпреварување, бидејќи Лигата на шампиони е единствениот кој му недостига во колекцијата на пехари. Во пресрет на вториот дуел од полуфиналниот двомеч со Монако, италијанскиот голман вели дека никогаш нема да ги заборави загубените финалиња и болката која ја претрпе, но дека ќе ја даде и последната капка крв за неговиот тим да ја освои Лигата на шампиони оваа сезона, а тој да се прости на најдобар можен начин од фудбалот, како европски шампион.
„Сонувам да ја освојам Лигата на шампиони, тоа е нормално. Но, не можам предвреме да се радувам. Кога фудбалер ќе загуби неколку финалиња, трофеи, кога ќе биде блиску до целта, а сепак далеку, сфаќа дека никогаш не треба да се радува предвреме. По триумфот над Барселона се радудав, но не премногу бидејќи стигнав до ниво во кое како играч или освојуваш и славиш, или заминуваш разочаран и со празни раце. Да, ние имаме предност против Монако, и тоа многу поволна, но сето тоа може да пропадне во вода ако не одиграме и утре квалитетно како на сите натпревари досега. Доколку ја освоиме ЛШ, тоа ќе биде најдоброто нешто што ми се случило во животот, заедно со Светското првенство во 2006 година“ – изјави Џиџи Буфон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА