Легендарниот Џиџи Буфон е разочара од првиот домашен пораз на Јувентус по долго време. „Старата дама“ загуби од Лацио со 2-1. Триумфот на римјаните со два гола им го донесе Чиро Имобиле, сега првиот стрелец на лигата.
„Повторно го измами судијата, како и во Суперкупот. Навистина си преварант“ – му се обратил Буфон на Имобиле на мечот, кој најпрво молчел, а потоа само се насмевнал.
Имобиле изнуди пенал по контактот со Буфон, па сам го претвори во гол. Слична ситуација се случи и во Суперкупот. Имобиле постигна веќе 11 погодоци и сосема сигурно ќе се бори за титулата најдобар стрелец во Серија А. Гол помалку од него има Дибала, додека Икарди е со девет погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА