Огромно е разочарувањето во таборот на Јувентус по вечерашната елиминација, а Џанлуиџи Буфон смирен по инцидентот и црвениот картон посочи дека судијата погрешил покажувајќи на белата точка.
„Нема да кажам што видел судијата бидејќи тоа го знае само тој. Но кога има старт што не е 100% чист ниту 100% фаул, не може да бидеш толкав циник и да уништиш она што сме го правеле 93 минути. Одлуката беше многу сомнителна“ – кратко порача Буфон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА