Игор Тудор го превзема Јувентус од Тијаго Мота и веднаш успеа да го препороди италијанскиот гигант кој се искачи на четвртата позиција на табелата во Серија А и сега има се во свои раце да осигура место во Лигата на Шампионите за сезоната 2025/26.
Пофалба за одличното водење на составот хрватскиот стратег сега доби и од легената на клубот, славниот голман Џиџи Буфон.
„Не е се готово и покрај тоа што е направен важен чекор напред. Скудетото се одлучува во текот на целата година, а во тој процес има моменти кога сфаќаш дека нешто си прокоцнал или си ја пропуштил шансата. Но, тоа не треба јас да го кажам, добро го знаат во Интер и Наполи. Од моментот кога Наполи го најави Антонио Конте за тренер, се знаеше дека тие, заедно со Интер ќе бидат главни конкуренти за титула. Сега Интер очигледно падна во проблеми, а Наполи добро ја искористи својата прилика“, изјави Буфон па говореше и за Тудор.
„Веднаш се знаеше дека Тудор е во склад со средината, го познава клубот и тоа се примети. Успеа да направи добар однос со играчите и со медиумите, работи добро. Жал ми е бидејќи се тоа изгледа дека оди на штета на Тудор кој е тренер со неверојатен талент. Зошто испадна така, навистина не знам“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА