Буфон: Жал ми е што не играв Светско или Европско првенство во Италија

Шефот на делегацијата на италијанската репрезентација Џанлуџи Буфон, верува дека одигрувањето на ЕП 2032 година ќе биде одлична шанса за земјата, но жали што во кариерата не играл Мундијал или европски собир во својата татковина.

45-годишниот легендарен голман присуствуваше на прогласувањето на Италија и Турција за домаќини на ЕП 2032 година.

„Големо задоволство за Италија. Федерацијата заврши супер работа. Верувам дека овој настан ќе биде незаборвно искуство за младите, затоа што тоа ќе биде настан кој никогаш нема да го заборават. Една од работите за која жалам во кариерата е што не одиграв Европско или Светско првенство во својата земја“, изјави Буфон кој додаде дека време е Италија да ја поправи инфраструктурата за да се прикаже во вистинско светло.

Се вчитува...