Бугарија и со фудбалер повеќе и со пенал поразена од Црна Гора (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Црна Гора славеше над Бугарија со 2-1 во натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 година во Германија.

Црна Гора стигна до водство од 1-0 со погодокот на Стефан Савиќ во 45. минута. Проблемите за домаќините почнаа во 59. минута кога Вујачиќ поради втор жолт картон мораше да го напушти теренот, а Бугарија доби и пенал. Десподов не успеа да го реализира пеналот, а Црна Гора остана во предност. Сепак, Бугарите  успеаја да израмнат преку Боруков во 79. минута на 1-1, но и тоа на беше доволно ниту за бод, бидејќи Стефан Јовиќ во 97. минутадонесе победа за домашниот тим.

Данска славеше со минимални 0-1 на гостувањето кај Финска, а голот за триумф го постигна Хојбјерг во 86. минута. Со истиот резултат славеше и Молдавија кај Фарски Острови.

 

Montenegro 1-[1] Bulgaria – Preslav Borukov 79'
byu/Meladroitdeposter insoccer

Се вчитува...