Репрезентацијата на Бугарија не дојде до првата победа во квалификациите за ЕП 2024 година, откако денеска одиграа 1:1 против Литванија на гостински терен. Ова е лош резултат за Бугарите, ако се има во предвид дека од 17. минута имаа играч повеќе, откако Ласицкас доби црвен картон во 17. минута.
Две минути претходно Литванците успеаја да дојдат до водство со голот на Гирдваиниси. Петков во 27. минута успеа да израмни. И покрај нападите до крајот на мечот, Литванците успеаја да се одбранат и на крајот да извадат голем бод.
Во вториот меч Луксембург ја оправда улогата на фаворит и го совлада составот на Лихтенштајн. Отпорот на „аматерите“ беше скршен во 59. минута преку Синани, за во 89. минута Родригез стави точка на победата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА