Фудбалските репрезентации на Бугарија и на Унгарија меѓусебниот квалификациски натпревар за пласман на ЕП 2024 година ќе го играат без навивачи, потврди европската фудбалска организација УЕФА.
УЕФА објасни дека такви мерки побарала бугарската федерација поради страв од нереди од страна на навивачите. Првобитно таков договор постоел меѓу бугарската и унгарската федерација поради информациите кои биле собрани дека би можело да има нереди на трибините.
Наместо во Софија или Разград, натпреварот ќе се игра во Пловдив 16. ноември, во рамки од квалификациската група Г. Унгариј е водечка репрезентација со 14 бодови, и веќе со едната нога е пласирана на ЕП, додека Бугарија нема никакви шанси со оглед дека е со два бода на последната позиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА