Красимир Балаков поднесе оставка поради од позицијата селектор на фудбалската репрезентација на Бугарија. По контроверзниот натпревар меѓу Англија и Бугарија на кој домашните навивачи расистички ги нападнаа англиските фудбалери, претседателот и целиот управен одбор на Фудбалската федерација на Бугараија, се одлучија за оставка, а медиумите од нашиот источен сосед пренесуваат дека на ист чекор се нафатил и селекторот Балаков.
Бугарските медиуми се повикуваат на претседателот на Славија Софија, Венцислав Стефанов кој исто така е исто така член на управниот одбор кој е во заминување.
„Красимир Балаков исто така се одлучи да поднесе оставка по заминувањето на претседателот и целиот управен одбор“, изјави Стефанов.
Бугарија во седум натпревари во квалификациите за Европското првенство успеа да освои само три бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА