Бугарската фудбaлска репрезентација ќе добие ннов предводник откако досегашниот селектор Илијан Илиев самиот си поднесе оставка по катастрофалниот старт на квалификациите за СП 2026.
Бугарите премногу лесно загубија дома од Шпанија со 0-3, по што следеше и идентичен пораз од 3-0 на гостувањето против Грузија. Уште позагрижувачки од резултатите беа безидејните изданија на националниот тим на нашиот северен сосед, по што следеше и разделбата од селекторот.
Според бугарските медиуми, главен кандидат за наследник на Илиев е актуелниот шеф на стручниот штаб на Арда, Александар Тунчев.
Бугарите во октомври ги очекуваат две исклучително тешки средби во квалификациите, најпрвин со Турција во Софија, а потоа и гостување на европскиот првак Шпанија во Валјадолид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

