Бугарите бесни: Навивачите на ЦСКА со пцовки и навреди кон фудбалерите по мечот во Скопје

Македонија Ѓорче Петров одигра храбро и остана непоразена на првиот меч против ЦСКА Софија, иако бугарскиот тим повеќе од едно полувреме имаше фудбалер повеќе на теренот.

Бугарите допатуваа како фаворити во Скопје, но не ја оправдаа таа улога, разочарувајќи ги малубројните навивачи кои дојдоа да го бодрат тимот.

Како што јавуваат бугарските медиуми, навивачите не го кријат своето незадоволство од изданието и залагањето на играчите, па веднаш по завршниот свиреж упатиле и бројни навреди кон фудбалерите.

„По завршувањето на мечот фудбалерите на „црвените“ им пријдоа на навивачите за да им се заблагодарат за поддршката. Фановите не само што не им аплаудираа, туку им упатија пцовки и навреди на фудбалерите“, пишува „Гонг“.

Се вчитува...