Бугарите бесни: Судијата како да играше за Динамо

Фудбалерите на Лудогорец и бугарската спортска јавност не можат да се помират со синоќешниот пораз од Динамо Загреб, со кој бугарскиот првак испадна од квалификациите за Лигата на Шампионите.

Бесот е насочен кон судијата Беноа Бастиен од Франција, кој досуди два пенали за Динамо Загреб, но и покажа дури три црвени картони за фудбалерите на Лудогорец.

„Тешко е да се каже било што по еден ваков меч. Не игравме добро во првото полувреме, но вториот дел и со фудбалер помалку бевме подобри на теренот. Штета што ја промашивме онаа шанса за 3-3, можеби тогаш се ќе беше поразлично. Она што разочарува најмногу е судењето, па судијата како да играше за Динамо Загреб на овој натпревар, а хрватскиот тим имаше помош од арбитрите и на првиот меч во Бугарија“, изјави најдобриот фудбалер на Лудогорец, Кирил Десподов.

Се вчитува...