Заврши Балканското првенство во одбојка на плажа за учесници до 22 години, кое изминатиов викенд се одржа во Скопје. Многу возбуда, квалитетна одбојка и убаво дружење, а на крајот златните одличја им припаднаа на одбојкарите од Бугарија и на одбојкарките од Србија.
Во машка конкуренција, првото место им припадна на Димитар Калчев и на Георги Стојанов (Бугарија), второпласирани беа Молдавците Еугениул Пападиул и Михаил Лузуол, а на третата позиција се пласираа Лауреан Кришан и Лусиан Бадичеану (Романија).
Кај дамите, најдобри беа Милица Бјелански и Анџела Елшан – Јосиќ (Србија), пред Марија Идјилов и Елисавета Суслова (Молдавија), а на третото место се пласираа Валмира Рамадани и Ерона Махмути (Косово).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА