Претседателот на Кошаркарската федерација на Бугарија, Георги Глучков, има идеја за заедничка лига составена од најдобрите тимови од Македонија и од неговата земја. Тој бара од претседателот на КФСМ, Перо Антиќ да разговараат за овој концепт кој според Глучков би бил привлечен и за навивачите и за медумите, бил придонел за развој на клупската кошарка, а со добро планирање не би го нарушил системот на двете национални лиги.
За оваа идеја, Глучков му пишува на Антиќ во писмо во кое меѓу другото му честита на одлуката сезоната да биде прекината без прогласување шампион како што направила Бугарија и уште неколку други држави во Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА