Бугарската репрезентација со години наназад игра катастрофално на европската сцена, а исклучок не е ниту новиот квалификациски циклус за СП 2026.
Ако поразот на домашен терен од европскиот првак Шпанија од пред неколку дена е очекуван, бугарските фанови се надеваа на подобро издание од своите миленици на денешното гостување во Тбилиси против Грузија. Наместо достоен отпор и обид за позитивен резултат, можеше да се проследи апсолутна доминација на домашната селекција и рутинска победа од 3-0.
Квича Кварацхелија го отвори резултатот по триесетина миунти игра, Грузија до полувремето стигна до 2-0 со голот на Гагнидзе, а печат на победата во вториот дел стави Мукаутадзе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

