Бугарите, сепак, не го сакаат Просинечки за селектор

Поранешниот хрватски репрезентативец, Роберт Просинечки, сепак, нема да биде селектор на Бугарија иако медиумите од оваа земја изминатите денови пишуваа дека тој ќе биде новиот предводник на репрезентацијата.

Бугарските медиуми синоќа објавија дека Просинечки е главен фаворит за селекторското столче, но само еден подоцна, се појави поинаква верзија.

Според последните информации, Просинечки сам се понудил на фудбалската федерација на Бугарија, но бил одбиен.

„Според информациите, Просинечки навистина бил во Бугарија и се понудил за селекторската функција, но фудбалската федерација на Бугарија го одби“, пишува „Новспорт“.

Бугарските медиуми пишуваат дека останати кандидати за селектор се Бразилецот Силвињо, Србинот Александар Јанковиќ и Романецот Едвард Јорданеску.

Репрезентацијата на Бугарија во ноемвриските натпревари во Лигата на нации ќе ги предводи привременото решение Атанас Рибарски.

Се вчитува...