Дарко Тасевски се најде во центарот на вниманието на бугарската спортска јавност по одлуката на Македонецот да остане во Левски и покај заминувањето на целокупниот стручен штаб.
Тасевски се врати во Левски (каде своевремено имаше успешна кариера како играч) на инсистира на Станислав Генчев, но соработката со овој стратег не беше според очекувањата. Бугарските медиуми во изминатите месеци пишуваа за несогласувањата меѓу Генчев и Тасевски, но сепак се крајно изненадени од одлуката на самиот Македонец, но и на управата на клубот Дарко да остане дел од новиот стручен штаб.
Заедно со Генчев откази добија и сите останати членови на неговиот стручен штаб, со исклучок на Тасевски кој се договори со раководството да остане во клубот најмалку до крајот на оваа натпреварувачка сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА