Репрезентацијата на Србија утре од 15 часот против Бугарија во последното квалификациско коло ќе го игра клучниот натпревар за пласман на ЕВРО 2024.
Натпреварот ќе се игра во Лесковац, град во јужна Србија кој е оддалечен само 163 километри од Софија од каде бугарската селекција ќе го тргне патувањето на квалификацискиот дуел. Тоа ќе биде најблиско гостување за Бугарија во фудбалската историја.
Претходно најблизок град каде гостувале во квалификации е Кожани во Грција во 1999 година каде загубија со 1-0.
Бугарите се со од поодамна загубени шанси за пласман на ЕП, но и тоа како се желни за надигрување со Србија. Досега немаат ниту една победа во квалификациите во групата. Србија се надева дека така ќе остане и по последното коло.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА