Бугарски закани до „Шверцери“: Откажете го патувањето во Софија, нема добро да си поминете

Навивачката група на Левски испрати официјално соопштение и порака до приврзаниците на Шкупи, јасно ставајќи им до знаење на популарните „Шверцери“ да не ни помислуваат на патувањето во Софија за реванш мечот од Конференциската лига на УЕФА.

Европската куќа на фудбалот најави дека ќе донесе забрана за организирано присуство на гостински навивачи на реваншот во Софија, а навивачите на Левски децидно порачаа навивачите на Шкупи да не ни помислуваат ниту на инивидуално патување во бугарскиот главен град.

„Нашиот став во врска со реваншот во четврток е јасен – навивачите на Шкупи не треба да дојдат. Софија не е град за прошетки, особено не по инцидентите што се случуваа во Скопје. Ако решат да дојдат гостите нема да минат убаво во главниот град, кој најверојатно е најубавото место што луѓето од Чаир можат да го посетат во нивните животи. Откажете го патувањето во Бугарија“, гласи пораката од фановите на „сините“ од Софија.

Се вчитува...