Бугарско фијаско за 13 минути среде Софија

Бугарија катастрофално го стартуваше новиот квалификациски циклус за СП 2022 откако нашиот источен сосед по само 13 минути игра се најде во негатива од 0-3 на домашниот натпревар против Швајцарија. Емболо го отвори резултатот по нецели седум минути игра во Софија, три минути подоцна Сеферовиќ беше прецизен на додавање на Шаќири, за во 13. минута фудбалерот на Ливерпул по асистенцијата да успее и самиот да се запише меѓу стрелците.

Бугарските фудбалери на стартот од второто полувреме намалија преку Десподов, за овој натпревар да заврши со конечни 1-3.

Во вториот натпревар од денешната програма што почна во 18 часот селекцијата на Данска како гостин го совлада Израел со 0-2. Бреитвајт го отвори резултатот со гол во првото полувреме, а конечните 0-2 во вториот дел ги постави Винд.

Се вчитува...