Еден од најдобрите фудбалери на Арсенал и англиски репрезентативец Букајо Сака по три месеци се врати на тренинзите со првиот тим.
Арсенал на своите профили на социјалние мрежи објави фотографија од Сака од тренинг. Англиските медиуми пренесуваат дека 23-годишниот фудбалер ќе биде подготвен за натпреварите против Реал Мадрид во четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Букајо Сака ја оперираше тетивата на крајот на декември откако се здоби со повреда на мечот против градскиот ривал Кристал Палас. Сака оваа сезона одигра 24 натпревари за Арсенал и постигна девет гола со 13 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА