Букер доби нов богат договор од Феникс

Девин Букер го продолжи договорот со Феникс Санс и за следните две години во кои ќе заработи 150 милиони долари, пренесуваат медиумите во Соединетите американски држави.

Американскиот бек кој ја игра својата 11 сезона во НБА беше драфтуван од стана на Феникс како 13. пик во 2015 година, а сега е најдобриот поентер во историјата на франшизата.

Минатата сезона бележеше просек од 25.6 поени и 7.1 асистенција со што беше предводник на тимот, а се очекува и да остане лидер со оглед на новиот договор.

Се вчитува...