Ракометарките на Вардар го претрпеа првиот пораз во Лигата на шампионите сезонава. Будуќност славеше пред скопската публика со , се реваншира за поразот во Подгорица и и и стави крај на фантастичната серија на вардарки од осум победи по ред. Црногорскиот шампион предводен од неверојатната Катарина Булатовиќ која постигна дури 14 гола, доминираше во текот на целиот натпревар. Вардар не успеа да најде вистинско решение ни во нападот ни во одбраната и на крај мораше да се помири со првиот пораз сезонава. На две кола пред крај на главната фаза во ЛШ, вардраки сепак ја задржуваат лидерската позиција во групата со 13 бода колку што има и ФТЦ на второто место.
Вардарки лошо го отворија натпреварот и уште од старт тешко се справуваа со агресивната одбрана на Будуќност. Гостинките од Подгорица тргнаа офанзивно, први дојдоа во водство и во поголемиот дел од првото полувреме беа во преднсот. Катарина Булатовиќ беше лидер во нападот на Будуќност постигнувајќи шест од вкупните осум гола на гостинскиот тим во првата четвртина од мечот. Несигурната игра во нападот на вардарки, Будуќност ја казни со серија од 3-0 и водство од 4-7 во десетатат минута.
Андреа Пенезиќ ја прекина лошата серија на „црвено-црните“ и со два гола по ред го врати Вардар повторно во игра. Во вистински момент сигурна на голот беше Ина Суслина која прв пат се врати во игра по неколкумесечната пауза поради повреда на коленото и одбрани важен седмерец. Во следниот напад на Вардар, Александра Лакрабер донесе изедначување на 8-8 во 18.минута, четири минути потоа изедначи на 10-10 и потоа уште еднаш на 12-12.
Но, Будуќност и понатаму ја имаше иницијативата, а вардарки бркаа резултат. Одбраната на Вардар немаше решение за расположената Катарина Булатовиќ која во првото полувреме постигна дури 10 гола. На три минути пред крај на полувремето, Будуќност одново имаше +3 (13-16). Вардарки повторно успеаја да ја анулираат негативата и да дојдат на егал во последната минута 16-16, но Булатовиќ беше прецизна од седум метри и со десетиот погодок на својата екипа и донесе минимална предност на полувремето со 16-17.
Второтополувреме продолжи во ист ритам. Вардарки и во продолжението се „бореа“ со гранитната одбрана на Будуќност и тешко доаѓаа до реализација, а на неколку пати промашија и од зицер позиции. На спротивната страна, гостинките ефикаснио ја казнуваа секоја грешка, Булатовиќ ја продолжи голгетерската серија, а Будуќност одрживаше 2-3 гола предност. На 23-24, Булатовиќ не реализира седмерец, но ни вардарки не искористија два напади за изнедначување. Конечно, успеаја во третиот обид кога Барбара Лазовиќ погоди за 24-24 на почетокот од последната четвртина. Но,, продолжи и серијата грешки на „црвено-црните“, а Будуќност знаеше тоа да го казни и повторно се врати на три гола позитива 24-27, на десет минути пред крај. Вардарки не успеаја да се вратат во ритам, нивниот отпор попушти уште повеќе во завршницата на мечот, а Црногорките ја иускористија шансата и зголемија на +5 (25-30).
Андреа Пенезиќ беше најефикасна кај Вардар со шест погодоци, Андреа Лекиќ и Александра Лакрабер постигнаа по пет гола. Кај Будуќност далеку пред сите други беше Катерина Булатовиќ со 14 погодоци, Кристина Неагу заврши со шест гола.
Во следното коло , на 5 март Вардар му гостува на Мец, а во последниот натпревар од главната фаза во ЛШ, на 13 март во Скопје го пречекува Турингер
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА