ЕКИПА во Будимпешта,
Билјана Б. Петрушева, Кристијан Димевски
Вардар утре ќе ги одмери силите против Ростон Дон во полуфиналето на Ф4 турнирот од ЛШ во Будимпешта, а еден од главните адути на рускиот тим секако е црногорската „бомбардерка“, Катарина Булатовиќ. Таа вели дека Вардар е најтешкиот можен ривал за нејзиниот состав, но посакува да освои нов трофеј во Лигата на шампионите.
„Вардар е најтешкиот можен противник, исклучително силен состав. Знаеме како загубија во финалето минатата година, сега со речиси истиот тим ќе атакуваат на титулата. Но, ние веруваме во своите квалитети и искрено се надевам дека можеме да стигнеме до успех. Секој што е дојден на Ф4 во Будимпешта, секако дека посакува на крајот да го крене победничкиот пехар“, изјави Катарина Булатовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА