Буњамин Шабани успешно беше опериран на десното рамо. Капитенот на шампионот ја повреди клучната коска на мечот против АП Брера, а по консултации со професионални лекари од оваа област беше одлучено тој да биде опериран.
„Драго ни е што операцијата беше успешна, додека на истата сега ќе помине фаза на рехабилитација и специјализирана програма за опоравување.Се уште не е познат точниот датум на неговото враќање на терените, бидејќи се ќе зависи од фазата на опоравување“, велат од Струга ТЛ.
Според прогнозите на лекарите, Шабани ќе биде надвор од терените 4-6 недели.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА