Фудбалот во Германија се враќа најбрзо, на 15 мај. Бундес-лигата одлучи рестартот на шампионатот да се случи на средината од мај, а единствен клуб кој бараше уште седум дена дополнително одложување беше Вердер. Сепак, мнозинството победи, и покрај тешката ситуација за која придонесе пандемијата на коронавирусот, првенството да продолжи следниот петок.
Бундес-лигата продолжува таму каде што и застана, со одигрување на 26.коло. Во него најмногу внимание ќе привлече дербито меѓу Борусија Дортмунд и Шалке 04. „Милионерите“ го ловат Баерн Минхен на врвот на табелата и во моментот заостануваат четири бода, додека Шалке 04 е во трката за пласман во Лигата на Европа.
Лидерот Баерн Минхен ќе гостува кај Унион Берлин, а Лајпциг на домашен го пречекува Фрајбург.
Сите натпревари до крајот на сезоната ќе се играат без присуство на гледачи и под посебен протокол поради мерките за заштита од коронавирусот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА