Бундес-лигата продолжува на 16. мај: Познати термините за сите девет натпревари од 26. коло

Германската Бундес-лига и официјално се враќа на 16 мај, со одигрување на 26. коло.

Во него најмногу внимание ќе привлече дербито меѓу Борусија Дортмунд и Шалке 04. „Милионерите“ го ловат Баерн Минхен на врвот на табелата и во моментот заостануваат четири бода, додека Шалке 04 е во трката за пласман во Лигата на Европа. Лидерот Баерн Минхен ќе гостува кај Унион Берлин, а Лајпциг на домашен го пречекува Фрајбург.

Сите натпревари до крајот на сезоната ќе се играат без присуство на гледачи и под посебен протокол поради мерките за заштита од коронавирусот.

Бундес-лигата ја објави и точната саатница на сите натпревари од 26. коло.

САБОТА (16. мај – 15:30 ч.)

Аугсбург – Волфсбург

Хофенхајм – Херта

Лајпциг – Фрајбург

Борусија Д. – Шалке 04

Фортуна Д. – Падерборн

САБОТА (16. мај – 18:30 ч.)

Ајнтрахт Ф. – Борусија М.

НЕДЕЛА (17. мај – 15:30 ч.)

Келн – Мајнц

НЕДЕЛА (17. мај – 18 ч.)

Унион Берлин – Баерн Минхен

ПОНЕДЕЛНИК (18. мај – 20:30 ч.)

Вердер – Баер Леверкузен

Се вчитува...