Бундес-лигата стартува на 15 мај?

Фудбалската сезона ќе продолжи на 15 мај, тврди агенцијата „Ројтерс“. Германската влада дала дозвола за рестарт на фудбалскиот шампионат на Германија, а официјалната потврда треба да стигне во текот на утрешниот ден.

Бундес-лигата првично требаше да продолжи на 9 мај, но владата сепак донесе одлука продолжението на фудбалската сезона да биде одложено за неколку дена. Сега, како што тврди „Ројтерс“, треба и конечно да биде дадена дозвола за враќање на фудбалот во Германија, секако без присуство на гледачи на трибините.

До крајот на Бундес-лигата треба да се одиграат уште девет кола, лидер на табелата е Баерн Минхен со 55 бода, четири повеќе од второпласираниот тим на Борусија Дортмунд.

Се вчитува...